742
Пресудата за случајот „Рекет”, ќе биде објавена во големата на Врховниот суд, инфомираат од Кривечен суд Скопје, од каде додаваат дека оваа одлука е донесена по барање на новинари.
На утрешното последно рочиште за „Рекет”, се очекува да присуствуваат голем број медиумски екипи.
Во случајот „Рекет“ обвинети се Бојан Јовановски-Боки 13 за примање награда за противзаконито влијание и за перење пари и Катица Јанева за злоупотреба на службената положба и овластување. На поранешнета шефица на СЈО, Јанева, и се заканува казна затвор над 3 години, а за двете дела за кои се гони Боки 13 е предвидена казна од 1 до 10 години затвор.