Боки 13 го прогласи хирургот кој го оперирал за непријателски сведок, преврска му ставал во домот на Орце Камчев

by fokus

Сашо Дуковски, адвокат на обвинетиот во случајот “Рекет”, Бојан Јовановски, хирургот, Тони Јосифовски кој го оперирал Јовановски го прогласи за непријателски сведок. Ова следуваше откако на прашање  на одбраната дали познава некој од обвинетите, лекарот одговори дека ја познава поранешната специјална јавна обвинителка, Катица Јанева. Одбраната не објасни зошто лекарот го прогласи за непријателски сведок и продолжи наместо директни, да поставува скрстени прашања кон сведокот.

Во своите одговори на прашањата од Дуковски и Јовановски кажа дека два пати го оперирал Јовановски и дека за операцијата се договарале во болницата и во кафуле.

За првата операција се сретнувавме само во болницата. Потоа Бојан инсистираше пак да се видиме. Беше задоволен од операцијата, понуди и други луѓе да бидат оперирани. Имаше желба да биде 70 кг, а првата килажа му беше 139 кг. Еднаш сме се виделе во “Лајт кафе”, а еднаш во неговиот дом.

На прашање на адвокатот дали му правел преврски на Јовановски во домот на Камчев, лекарот рече дека еднаш му правел преврска во домот на Камчев и појасни дека Јовановски не сакал да доаѓа во болница.

– Одредени преврски сум правел дома, во куќата на Камчев, дали еднаш сум му правел.

Лекарот негираше дека Камчев инсистирал да се оперира Јанева во “Систина” или да се бара алтернативно решение каде да се оперира.

-Вие баравте алтернативни решенија, му рече лекарот на Јовановски

Тој негираше и рече дека е ноторна лага дека тој заедно со Ана Камчева некогаш биле во домот на Јовановски.

На прашање на Јовановски лекарот рече дека се знае со обвинителката во предметот, Вилма Русковска со која некогаш оделе и на ручек во ресторани.

Обвинителката Русковска неколку пати приговараше со оглед на тоа дека прашањата немале врска со кривично правниот настан.

Освен лекарот, како сведок на одбраната е предложен и Стојан Арсовски кој ми бил возач на Јовановски.

Ф.Ф.С.

Поврзани новости