На Бојан Јовановски-Боки 13 утринава во градската болница во Скопје му се врши хируршка интервенција за целосно отстранување на желудникот.
-Јовановски го примија да се оперира утринава. Тим од четворица лекари ќе ја изведе операцијата која што е со висок ризик, како што впрочем и укажаа лекарите специјалисти од областа во повеќе наврати во специјалистичките извештаи кои беа доставени до судот и до управата за извршување санкции.
Сето ова можеше да се одбегне согласно препораките на лекарите специјалисти доколку на пациентотт му беше овозможено да се спроведе задолжителниот и строг здравствен режим кој беше невозможен во пенални услови и од тие причини лекарите препорачуваа дека единствено со времен прекин на казната и во домашни услови здравствената состојба на пациентот може да се санира и да се одбегне оперативниот зафат кој денеска се случува – рече за Слободен печат адвокатот на Јовановски, Владимир Туфегџиќ.
Тој посочи дека судот го одбил барањето за времен прекин на издржувањето на казната на почетокот на март.