Боки 13 достави докази дека 125.000 евра добил од познат фудбалер, 300.000 евра од денационализација и пари од наследство

by fokus

На денешното рочиште за случајот “Рекет” одбраната на обвинетиот Бојан Јовановски изведе докази со кои се обидува да го докаже потеклото на парите со кои располагал Боки 13.

Па така адвокатот Сашко Дуковски цитираше документација, односно изјава од Марина Туцаковиќ и Александар Фула Радуловиќ за дадени пари, како и позајмица од 125.000 евра, дадени од познатиот фудбалер Стевица Ристиќ.

Адвокатот додаде дека Јовановски добил пари и од продажба на недвижен имот од неговата баба Евгенија, за што приложи нотарска акт, како и доказ за денационализација на имот од која добил 300.000 евра.

Тој истакна дека со фотографии ќе докаже дека најголемиот дел од запленетата гардероба Јовановски ја купил оддамна, од 2013 година, па се до 2019 година.

-Во најголем дел од запленетата гардероба е купена од многу порано од наводниот термин на извршување на кривичното дело, рече адвокатот Дуковски.

На наредното рочиште ќе бидат презентирани фотографиите од гардеробата на Боки 13.

В.В.

 

Поврзани новости