Боки 13: Добив закани за моја ликвидација!

by fokus

На денешното рочиште за случајот „Рекет“, обвинетиот Бојан Јовановски, изјави дека добивал закани по живот и појасни дека за тоа го известил и обвинителството.

-Јас се чувствувам загрозено после давањето на исказот кај обвинителката Вилма Рускоска по што добив закани за моја ликвидација, изјави Јовановски.

Тој додаде дека се чуствува како политички затвореник.

– Го известувам судот дека се чувствувам како политички затвореник преку кој политичките субјекти ги водат своите битки со овој предмет. Како болно лице и кое е во притвор ќе ги употребам сите правни лекови за да добијам соодветни мерки за да ја изготвам својата одбрана. Не го исклучувам и штрајкот со глад. Со оглед на моето здравје, таа постапка може да биде со фатални последици. На кого му пречи вистината за „Рекет“? Денес пратив писма до амбасадите на САД, ЕУ и Франција како и до Хелсиншкиот комитет, поради кршење на основните човекови права и слободи, изјави Јовановски.

 

Поврзани новости