Боки 13 доби диазепам, а судењето за „Рекет“ продолжува

by fokus

По паузата за лекарски преглед на обвинетиот Бојан Јовановски во судот, судијката Васка Николовска Масевска посочи дека судењето ќе продложи.

Лекарот кој го прегледал Јовановски истакна дека се жалел на болка во стомак, како и на вртоглавица. Притисокот му бил 140-100, што според лекарот е ррезултат на стресна реакција поради што му дале диазепам.

-Свесно може да го следи судењето, рече лекарот.

Претходно Јовановски се обрати пред судот и рече дека не е во состојба да го следи судењето.

-Не се чуствувам добро. Од сабајле 10 пати повраќав. Имам исклучителна желба да учествувам активно во процесот, но не сум во состојба“, рече Јовановски.

Откако Јовановски ги кажа своите лични податоци, и рече дека е невработен и се уште е студент, повторно се врати на неговата здравствена состојба.

-По инекцијата диазепам мене ми е ушто полошо. Јас да кажам ама не знам дали ова му значи нешто на некој, рече Јовановски.

Судијката рече дека не е лекар и затоа повикала Брза Помош за да го прегледа, по што е констатирано дека е способен да го следи судењето.

Судењето продолжува со воведни говори.

В.В.

 

Поврзани новости