Бојан Јовановски преку својот правен тим до медиумската јавност достави отворено писмо до довчерашниот премиер на Македонија, Зоран Заев.
„Размислив дали да ве персирам во ова отворено писмо, па одлучив истото да го започнам на перси, а како ќе завршиме ќе видиме…Неисе, на крајот не важно дали ќе ве персирам или не, важна е суштината на ова писание, а суштината е ВИСТИНАТА, КОЈА ТОЛКУ МНОГУ ВЕ БОЛИ И ПО СЕКОЈА ЦЕНА САКАТЕ ДА ЈА СОКРИЕТЕ СО ПОМОШ НА ВАШИТЕ ПИОНИ, ЛАМФЕРИ, ТОПОВИ И КОЊИ (ќе се препознаат сите кој која фигура е) На самиот почеток на ова писмо укажувам дека истото е составено од несоборливи и ноторни факти и дека стојам позади содржината под целосна морална, правна и кривична одговорност!!! Сите наводи во ова писание произлегуваат од содржината на мојот телефон и од остварените комуникации на апликацијата what’s app! Вие господине Заев после ова писмо сте должни поради сериозноста на наводите и високиот степен на јавниот интерес да одговорите на секое прашање или на сите наводи или пак господине Заев демантирајте ме, тужете ме, докажете дека не ја говорам вистината и гонете ме!“,вли Јовановски.
Тој додава дека не се плаши, на како што вели заканите по живот од Заев и неговиот брат, Вице Заев
„Не ви се плашев и не ви се плашам воопшто и покрај заканите кои ми ги пративте вие и вашиот брат Вице Заев преку ваши емисари и потрчковци дека ќе ме ликвидирате и дека нема жив да излезам од затвор, јас денеска при чиста свест и силна волја ви се обраќам и ќе ве соголам пред јавноста аргументирано и со факти. Машки ви се обраќам Зоране Заев и ве молам машки да одговорите, нели ме нарековте п*дер во месец Август 2019 година, па еве сега прилика да видиме кој е п*дер ако кој маж, по карактерна особина де, така нели мислевте кога ме навредивте јавно и гнасно, простачки и најдолно?!?!“, се вели во писмото на Јовановски.