591
Еден од аудиозаписите што ги објави италијанскиот весник Ла Верита, поврзани со случајот „Рекет“, открива како првосомничениот Бојан Јовановски – Боки 13 му вели на бизнисменот Орце Камчев дека не успева да ја добие специјалната јавна обвинителка Катица Јанева на телефон, бидејќи, како што вели, пукала.
-И пишав СМС дека сме завршиле. Бидејќи можеби се уште пука – му вели Боки 13 на Камчев, по што се развива разговорот дека сите обвинителе еднаш неделно стрелаат со огнено оружје на стрелиштето Камник.
Инаку, другите разговори покажуваат како Камчев и Јовановски, во присуство на второосомничениот Зоран Милески – Кичеец, се договараат за исплата на пари, а Јанева во еден разговор му вели на Камчев: „Не се секирај, се ќе биде ОК“.