Боки 13 денеска на распит кај Русковска за „Рекет“

by fokus

Бојан Јовановски денеска од истражниот затвор „Скопје“ треба да биде спроведен во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција каде што треба да даде исказ за случајот „Рекет“.

На Јовановски и неговиот бранител денеска им истекува и рокот за доставување на свои докази и предложување на сведоци. Сепак адвокатот Сашо Дуковски неодамна истакна дека тие нема да предложуваат ниту докази, ниту сведоци.

До четврток, исказ пред обвинителката Вилма Русковска треба да даде и поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, која исто така има право да предложи свои докази и сведоци.

Наскоро се очекува и обвинителката Русковска да го подготви обвинението за случајот „Рекет“.

Поврзани новости