Боки 13 денеска на распит кај Русковска за „Рекет“

by fokus

Бојан Јовановски денеска треба да биде спроведен од истражниот затвор „Скопје“ до Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, каде што треба да даде исказ за случајот „Рекет“.

Ова ќе биде прво соочување на Јовановски со обвинителката Вилма Русковска, за детали од истрагата, бидејќи тој дента кога беше уапсен се произнесе само кај судијата на претходна постапка и тоа за притворот.

Јовановски е првоосомничен во случајот „Рекет“, а третоосомничената Катица Јанева е предвидено во вторник да даде исказ пред обвинителката Русковска.

Второосомничениот Зоран Милевски- Кичеец даваше исказ, а како што дознава „Фокус“ се бранел со молчење.

Јовановски и Милевски се осомничени дека од бизнисменот Орце Камчев зеле 1,5 милиони евра, за да го спасат од кривичен прогон за истрагата „Империја“, а наводно свое учество во нелегалните активности имала и тогашната специјална обвинителка Јанева.

В.В.

Поврзани новости