Бојан Јовановски, во секој момент треба да биде спроведен од истражниот затвор “Скопје” во скопското јавно обвинителство.
Тој бараше прием за да на записник поднесе неколку кривични пријави, против актуелни функционери и бизнисменот Орце Камчев.
Боки 13 во неколку наврати досега бараше средби со републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, за да со него ги сподели информациите кои ги има. Но, наместо Јовески, во затвор го посети обвинител од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, поточно Обвинителката Гордана Смаќоска. Бидејќи обвинителот бил од обвинителството каде што е шеф Вилма Русковска, Боки 13 не сакал да зборува, па затоа сега пријавите ќе ги поднесе во скопското обвинителство каде што шеф е обвинителот Сашо Рајчев.
Адвокатот Сашко Дукоски за “Фокус” ја потврди информацијата, истакнувајќи дека се очекува Јовановски да биде донесен во обвинителството.
Валентина Вурмо