Бојо ставил клуч на врата на партијата на правдата, ЛДП, НСДП и ВМРО-НП доцнеле со финансиските извештаи

by Фокус

Министерството за правда, по предлог на Државниот завод за ревизија, минатата 2018 година донела одлука за прекин на редовното годишно финансирање од буџетот за 26 политички партиии, поради тоа што не ги исполниле законските обврски за навремено доставување на годишна сметка, финансики извештај и регистар со донации за претходната година.

Според одлуката на Министерството, објавена во Службен весник, на листата на партии на кои им било прекинато буџетско финансирање биле ЛДП, НСДП, ВМРО-НП, ОМ, НДП, Движење за национално движење за Турците, Сојуз на Ромите, Работничко-земјоделска партија, Обединети демократски сили на Ромите, Партија за интеграција на Ромите, Партија за целосна еманципација на Ромите, Нова Алтернатива, Српска напредна странка, Алијанса за позитивна Македонија, Левица, Унитети, Македонска Алијанса, ТМРО и неколку други „помали“ партии.

Но, во следниот период, некои од овие политички партии ги исполниле законските обврски согласно Законот за финансирање на политички партии, кој во членот 25 предвидува дека политичката партија подготвува извештај од регистар за добиените донации, кој го доставува најдоцна до 31 март за претходната година заедно со годишниот финансиски извештај до Државниот завод за ревизија.

Затоа, во текот на минатата 2018 година Министерството донело неколку последоветални одлуки, потпишани од министерката за правда Рената Дескоска – Треневска, со кои ја укинува забраната за буџетско финансирање на НСДП на Тито Петковски, ВМРО-НП на Љубчо Георгиевски, НДП на Јанко Бачев, Левица и уште неколку партии.

Сепак, за поголем дел од нив не е донесена одлука за прекин на забраната, вклучително и за Партијата на правдата, која, не добила укина на забраната поради тоа што не доставила податоци за финансикото работење како другите партии, туку поради тоа што била избришана од регистарот на политички партии што се води во скопскиот граѓански суд.

Инаку, оваа партија ја предводеше бизнисменот Бојо Андрески, познат како сопственик на Европскиот универзитет и поранешен сопственик на весникот Вечер. Неговата партија беше дел од големата коалиција на ВМРО-ДПМНЕ додека на чело на партијата беше Никола Груевски, меѓутоа згаснала откога ДПМНЕ замина во опозиција.

Поврзани новости