Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев денеска остварил работна средба со раководството на Полициска станица од општа надлежност Бит Пазар при СВР Скопје, во рамки на серијата посети на организациските единици при МВР низ државата, со цел увид во досегашните резултати и планирање на идните активности.
„Безбедносната состојба е поволна, со оглед на тоа што станува збор за централно градско подрачје со голема фреквенција на граѓани, а изминатиов период беше проследен со повеќе штрајкови, протестни собири, така што наведените состојби беа дополонително оптоварување во извршувањето на безбедносните задачи од страна на ПС ОН во рамките на ОКР Центар и Бит Пазар и СВР Скопје”, рече Бојмацалиев потенцирајќи ги добрите резултати.
„Како што бев информиран, најмногу внимание му се посветуваше на прашањето и ефикасноста во расветлувњето во кривични дела со НН сторител, посебно кај тешките кражби, а значајни резултати се постигнати и со брзото и ефикасно расветлување по пријавување на прекршоци”, рече Бојмацалиев.
Рече дека СВР Скопје во 2023 година, односно само за една година доби 15 возила, шест мотоцикли, девет интервентни комбиња, со што сериозно беа подобрени условите во делот на материјално-техничко опремување на полицијата.