Бојмацалиев: Нема хаос и опструкции во управните служби

by fokus

Не е вистина дека некој нешто сменил, се работи за уште една лажна вест. Ако ги земеме бројките од 29 јануари, до денеска, ќе видиме дека на самиот ден на примопредавање имало 50.000 обрасци, потоа уште 20.000 обрасци, доаѓаат 140.000 обрасци и до крај на неделата уште 85.000 обрасци, тоа е бројка од приближно 300.000 обрасци, истакна дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев во интервју за ТВ Стар, прашан дали била променета нарачката на обрасци во МВР.

-Со тие обрасци, машините на МВР, со капацитетот кој го имаат слободно до крајот на мај, почеток на јуни секојдневно ќе може со фул капацитет по 3000 печатење, без застој… а на крај од мај, почеток на јуни ја добиваме и последната тура пасоши, од предвидени околу 2 милиони за промена на пасошите. Потенцирам уште еднаш, во службите нема никаков хаос, нема никаква саботажа, службите внатре во МВР и претходно раководени од Спасовски го планираа ова и одлично менаџирано обрасците доаѓаат навремено и граѓаните ќе бидат услужени. Пак ќе кажам, некој го користи тоа за дневнополитички поени на штета на граѓаните, рече Бојмацалиев.

Поврзани новости