Во текот на вчерашниот ден излезе фотографија на која се гледа како командир на Противпожарната единица на Велес наводно пребарува во документи во СВР Велес, рече денеска од Струмица дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев.
-За ова е известена Внатрешна контрола, СВР Велес и јавен обвинител и веќе заеднички работат на испитување на случајот и докажување на автентичноста на фотографиите и на ликовите кои се на нив. Се надевам дека во наредните денови ќе имаме конкретен извештај кој ќе го споделиме со јавноста. Не би сакал да поверувам дека некој се дрзнал од друга институција да влезе во МВР и да ги пребарува личните документи на граѓаните, кои треба да се строго заштитени – рече тој.
Според него, доколку се утврди веродостојноста на фотографиите ќе има највисоки казни за сторителите.