Денеска во МВР дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев остварил средба со претставници на репрезентативниот Македонски полициски синдикат, предводени од претседателот Марјан Кицев, со цел да се потврди меѓусебната поддршка и заложба за спроведување фер, слободен и демократски изборен процес.
Бојмацалиев истакнал дека тој продолжува по принципот на работа на поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, дека ниту едно право на полициските службеници коешто им следува со потпишаниот Колективен Договор помеѓу МВР и МПС, нема да биде укинато.
Бојмацалиев истакна дека не отстапува од принципот на фер и достоинствено раководење со Министерството, при што рече дека нема да бидат толерирани никакви притисоци кон вработените од ниту една политичка партија, а во спротивно ќе следуваат соодветни правни санкции.