Бојкотот во Хрватска и во Македонија стана светски хит: Во петок маркетите ги бојкотираат граѓаните на САД

by Fokus

Бојкотот на супермаркетите што се одржа на 24 јануари прво во Хрватска, а потоа на 31 јануари во Македонија, проширувајќи се во земји како во Словачка, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија, Косово, Бугарија, Грција и Романија, сега се проширува и на другите континенти.

Овој начин на изразување на незадоволството на потрошувачите од вртоглавото зголемување на цените и зголемената инфлација се проширува и во САД и во петок, 28 февруари ќе се бојкотираат купувањата од големите трговски синџири како Волмарт и Амазон, како и набавките на производи како Кока Кола.

Причините за големиот, како што велат, економски бојкот на сите облици на пазарење лежат во зголемената инфлација (3%), поскапувањето на становите (30%), енергијата, гасот и храната.

Но, за разлика од Хрватска, во САД сè се врти против збогатувањето на најбогатите Американци, кои го зголемија своето богатство за четири пати од пандемијата.

Во секој случај, Хрватска на тој начин доби нов „извозен производ“ – бојкот – кој нема никаква финансиска извозна вредност, но има одредена општествена вредност: подигање на свеста на потрошувачите и зајакнување на нивното влијание на пазарите кои, очигледно, станаа симбол на алчноста на богатите и неодговорните политичари, но и на понижувањето на потрошувачите.

Бојкотот на Балканот покажа што значи моќта и одговорот на потрошувачите кога ќе бидат ставени во движење и прашање е само колку поединечни богати декадентни западноевропски земји ќе се вклучат во сето ова.

Поврзани новости