Граѓаните се организираат и најавуваат бојкот на маркетите во петок поради високите цени, а првата поддршка дојде од верувале или не владејачката ВМРО-ДПМНЕ.
Партијата која (буквално) до вчера зборуваше дека мерките есенска и новогодишна кошничка дале ефект и дека инфлацијата е зауздана, денес излезе со поддршка на бојкот на купување од маркети.
Наместо конкретни мерки и политики за стабилизација на цените, ВМРО-ДПМНЕ повикува на економски бојкот.
Ова е дефакто признание дека кошничките на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски не дале никаков резултат и ефект и признавање дебакл и пораз на основата на економската политика на ВМРО-ДПМНЕ изминативе месеци.
Дополнително, на овој начин партијата која ја предводи владата и сите институции под нејзина надлежност, го суспендира Државниот пазарен инспекторат и го прогласи за непотребен, затоа што токму тој е одговорен да ги заштити правата на потрошувачите.
Власта со голема помпа ја најавуваше мерката за намалување на цените на одредени прозиводи, но граѓаните од тоа не видоа никаков ефект. Напротив, наместо да намалување, официјалните податоци покажаа дека износот на потрошувачката кошница за само еден месец се зголеми за 391 денар.