459
Движењето „Бојкотирам“ вечерва оджува собир пред Собранието во кое ја прославуваат својата „победа“, бидејќи пропаднал референдумот. Движењето упати посебна благодарност до неколку негови промотори.
-Владиката Агатангел, Солза Грчева, Билјана Ванковска, Антонијо Милошоски, Борис Дамовски, Јанко Бачев, Филип Петровски, Димитар Апасиев, Васко Ефтов, Миленко Неделковски, Тодор Петров. Длабоко извинување до оние кои не беа споменати. Благодарност до сите граѓани кои учествуваа во одбрана на нашето право на самоодбрана и самоопределување. Нашата држава се вика Македонија, ние сме Македонци, ние говориме на македонски јазик. Така било, така и ќе остане, порачаа од „Бојкотирам“.