Бојкотирачите попишани, ама без етничка припадност

by fokus

132.269 лица се попишани преку преземени податоци од базите на податоци во земјава. За овие лица кои претставуваат 7,2 отсто од резидентното население нема податоци за етнички или верски карактеристики, бидејќи тоа се податоци кои не можат да се преземат, односно се лично чувство.

Директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски смета дека оваа бројка не е голема, со оглед на околностите во кои е спроведен пописот, а тоа е ковид-пандемијата, отсуството на граѓаните поради одмори, но и поради отворениот и скриениот бојкот.

Тој вели дека не можат сите овие лица да бидат казнети за неучество во пописот, со оглед на тоа што, како што рече, не се знае дали го бојкотирале, дали се плашеле од пандемијата, дали не биле во државата или пак не се попишани од некоја друга причина.

 

Поврзани новости