Бојкот во НБА поради убиството на афроамериканец, поддршка даде и Леброн Џејмс

by Фокус

Кошаркарите на Милвоки Бакс вечерва не излегоа на терен против Орландо Меџик на петиот меч од првата рунда од плеј-офот во знак на протест поради убиството на афроамериканецот Џејкоб Блејк во Виксонсин од страна на полицијата.

Останатите тимови исто така разговараа за бојкот на натпреварите, па за да нема сцени како пред дуелот помеѓу Бакс и Меџик, НБА реши да ги одложи преостанатите два меча закажани за вечерва меѓу Лос Анџелес и Портланд и меѓу Хјустон и Оклахома.

Оваа одлука е донесена во координација помеѓу НБА и Асоцијацијата на играчи и сите натпревари ќе бидат презакажани во друг термин.

Откако стана јасно дека дуелот Милвоки-Орландо нема да се игра, на социјалните мрежи се огласи најдобриот играч во лигата Леброн Џејмс со порака за промена и правда.

Поврзани новости