Бојана Скендеровски: Принудени сме да го браниме своето, како уметник бев должна да снимам обработка на стара македонска песна!

by fokus

Патриот сум во душа, а сега во овие сензитивни времиња за нашата земја и народ во кои сме принудени да го браниме своето и да го докажуваме сето она што е наше и ни припаѓа, се почувствував должна како уметник да го направам овој проект-вели поп пејачката и ТВ водителка Бојана Скендеровски, која вчера по повод празникот Илинден ја промовираше обработката на старата македонска песна ,,Море сокол пие”.

Додава дека на музиката работеле голем број на познати инструменталисти, бидејќи сакала да и даде душа на песната, а режисер на видео записот е Дарио Јанковиќ.
Видеото се снимало во Мариово, Велес, Кокино и во Старо Нагоричане, во црквата Свети Ѓорѓи која датира од пред околу 1.000 години.

-Овој проект е во чест на сите Илинденци кои го дале својот живот за да ја имаме оваа наша Македонија, која во овие турбулентни времиња мораме да ја сочуваме онаква каква што ни ја оставиле во аманет – појаснува пејачката која е присутна на сцената околу две децении.

Вики Клинчарова

Поврзани новости