Поп пејачката и водителка Бојана Скендеровски со песна му одговори на бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски, откако тој завчера среде Скопје на одбележување на 95 години од смртта на Мара Бунева, на мегафон ги повторуваше своите антимакедонски ставови.
-Вечен спомен на Мара Бунева и на сите познати и незнајни херои кои го посветија и го дадоа својот живот за каузата за слободна бугарска Македонија и обединета Бугарија. Им благодарам и им честитам на сите бугарски националисти, патриоти и патриоти, од сите политички, младински и културни и просветни организации, со кои денеска бевме на кејот на Вардар, во одбрана на македонските Бугари. Да живее обединетата и неделива бугарска нација, од Охрид до Црно Море и од Дунав до Бело Море. Да живее бугарска Македонија. Да живее Бугарија – порача тој.
На неговата провокација Бојана му одговори со објава на видео снимка, на која таа во локал во Бугарија настапува со песната ,,Заветна”.
-Ако не си знаел да те потсетам: Можат да ја одречат, други да ја предадат, само таа е бесмртна, жива вода подземна, кај што тоне, таа извира… Македонија! Поздрав до Џамбаски, тој денес во Скопје, а ние сред Бугарија ќе му ја пееме ,,Заветна”!-напиша пејачката под видеото.
По изјавите на Џамбаски среде Скопје се огласи и МВР и побара Бугарија да се огради од недоличните изјави кои ги повредуваат чувствата на граѓаните на Македонија и воедно сериозно им наштетуваат на напорите за унапредување на добрососедските односи меѓу двете земји.
Минатата година Џамбаски предизвика скандал на седница на европарламентот, откако на заминување од пленарната сала, качувајќи се по скалите направи нацистички поздрав. Потоа јавно се извинуваше и се правдаше дека станувало збор за невино мавтање и е бил нацист. За инцидентот беше казнет од Европскиот парламент со 2.000 евра.
Вики Клинчарова