713
Граѓанскиот активист Бојан Маричиќ и универзитетскиот професор Дане Талески се дел од кабинетот на премиерот Зоран Заев.
Маричиќ е долгогодишен активист во невладиниот сектор, кој на Илинденска се сели од позицијата – извршен директор во Македонскиот центар за европско образвание.
Талески, пак, е поранешен член на Извршниот одбор на СДСМ, а извесно време го водеше левичарскиот институт Прогрес.
Инаку, двајцата денеска го придружуваа Заев на средбата со турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу.