Првоосомничениот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски – Боки 13, сѐ уште е хоспитализиран во градската болница „8-ми Септември“, каде беше однесен на 26. месецов по упат на затворскиот доктор во Шутка.
-Лицето Бојан Јовановски беше хоспитализиран во нашата установа од 26.11.2019 до денес петок 29.11.2019 со упат издаден од докторот во ординацијата во КПВ Шуто Оризари. Сместен е во апартман во одделението за интензивна нега заради почитување на безбедносните протоколи, а не заради тежината на неговата здраствена состојба. Лицето Бојан Јовановски во моментот е во добра општа состојба и здраствена кондиција, а во установата останува се додека не се комплетираат резултатите од спроведените испитувања. Истиот се планира да биде испуштен од болничката установа ГОБ 8ми септември, најкасно во понеделник на 02.12.2019 година, соопштуваат од клиниката.
На 3 декември, Јовановски од затворот во Шутка, а Катица Јанева и Зоран Милески – Кичеец, од нивните домови, треба да бидат спроведени во Основниот кривичен суд во Скопје на првото рочиште за предметот во кој се обвинети