Бојан Христовски за ТВ 24: Имам безбедносен НАТО сертификат

by Fokus

Директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски добил НАТО сертификат и во иднина ќе може да располага со сите доверливи информации во однос на Алијансата. Христовски за „ТВ 24“ потврди дека проверките кои започнале пред Нова година се завршени и дека добил позитивно мислење од сите потребни институции.

– Можам да потврдам дека е обезбедено позитивно мислење за издавање на НАТО безбедносен сертификат, а сето тоа согласно процедурата во која се инволвирани повеќе институции. Процесот на проверки започна пред околу 2 месеци, а заврши пред десетина дена. – вели Христовски.

Што значи безбедносен НАТО сертификат ? Голем корпус на поранешни и сегашни функционери веќе го поседуваат документот кој подразбира комплексни безбедносни проверки, а за кој тврдат дека завршува со сертификат и со неопходна верифицирана картичка. Експертите порачуваат дека Алијансата длабински ја проверува подобноста на кандидатот, добива мислење од надлежните државни институции, а познавањето на англиски јазик воопшто не е критериум.

– Безбедносните проверки за тоа дали некое лице претставува или не е од безбедносен ризик, ги вршат Агенцијата за национална безбедност (АНБ) за сите цивилни лица и Армијата односно Воената службa за безбедност и разузнавање за вработените во Министерството за одбрана и Армијата. ДБКИ е таа пак која пред НАТО гарантира за одредено лице дека не претставува безбедносен ризик односно дека се извршени безбедносните проверки, се вели во сторијата на „ТВ 24“.

Поврзани новости