59
Бојан Јовановски- Боки 13 дојде во полициската станица во Кисела Вода, каде што е повикан на информативен разговор поради пријава дека загрозил нечија безбедност. Тој внатре влезе во присуство на адвокатот Владимир Туфегиџиќ.
Јовановски го бараше полиција додека беше на подкаст, тој обвини дека е обид за замолчување. Посочи дека пријавителот е Зоран Милески-Кичеец, за кого посочи и дека бил лице кое му се заканувал преку други за да не гостува.