Дали Владата има намера да го почитува Преспанскиот договор и да го одложи процесот на негова имплементацијата, кој е поврзан со започнување на преговорите со ЕУ или нема намера?!?, прашува реформистот на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Богојески.
Во својот нов коментар Богоејски поентира дека спроведувањето на Преспанскиот договор треба да се одложи доколку не добиеме датум за преговори од ЕУ и доколку не почнеме да ги отвораме поглавјата.
„Каде се “меѓународните гаранции” за Македонија?!? Причината е самиот договор, во кој јасно стои дека, промената на користење на називите на институциите за домашна употреба ќе следува паралелно со отворањето на поглавјата за преговарање со ЕУ! На пример, кога ќе се отвори поглавје и ќе се преговара за образованието со ЕУ, тогаш институцијата ќе мора да биде преименувана итн“, вели Богојески.
Тој прашува зошто Владата дозволи да се користи “Северна” во годинешниве сведителства, кога сме премногу далеку од таа обврска.
„Тоа на пример би го направиле во период од 5 години, но после!!! отварање на поглавјето за образование, кое доаѓа после!!! отпочнување на пристапни преговори со ЕУ!!! И така за сите области понатаму… Нели е тоа алатка во рацете на нашата Влада, со која ќе ги потсетат нашите европски партнери на дадените меѓународни гаранции, пред потпишувањето на договорот од Преспа?!? Нели е тоа шанса за Македонија да направи притисок на ЕУ, пред одлуката во септември/октомври?!? Или ние ќе си седиме зачмаени во нашите меѓусебни кавги, додека возот за Македонија трајно заминува?!?“, додава Богојески.
На ЕУ мора јасно да и се стави на знаење, посочува тој, дека одлагањето на почетокот на преговорите во јуни, веќе предизвика одлагање на имплементацијата на Преспанскиот договор.
„И тоа по сила на самиот тој договор!!! Македонија е чесна држава и се држи до договореното! Самата имплементација на Преспанскиот договор, во еден свој дел, во однос на внатрешната примена на новите имиња и терминологија, мораме да ја одложиме до почетокот на преговорите во поглавјата со ЕУ. Мислам дека никој не би сакал да се доведеме во ситуација во која поради тоа, поради неносење на одлука за преговори, се блокира целосната имплементација на Преспанскиот договор, затоа очекуваме позитивна и разумна одлука на ЕС на ЕУ, следниве месеци!!!
Евентуално недонесување на одлуката, секако негативно би влијаело врз овие процеси и би го пресекло процесот на натамошен развој на државата и имплементацијата на Преспанскиот договор!!!“, вели Богојески.
Одлагање на “Северна” за внатрешна употреба, или?!? 🇲🇰🇪🇺Во услови кога Владата си молчи за кажаното, за време на…
Publiée par Петар Богојески – Petar Bogojeski sur Lundi 1 juillet 2019