Богојески: Зошто СДСМ одмолче кога Груевски доби решение за дискриминација, кое сега ќе му биде алиби за азил?

by fokus

Поранешниот заменик-генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Богојески во вечерашното гостување на телевизија 24 рече дека СДСМ ќе мора да одговори зошто не реагирала кога Никола Груевски доби решение од Комисијата за заштита од дискриминација дека бил дискриминиран од Судот.

-Граѓаните се начисто збунети. Информациите се секакви: од тоа дека ова е договорено со СДСМ, до тоа дека Груевски успеал сам да избега. Во ваква ситуација, кога инфромациите се збунувачки, треба да тргнеме од вредностите и принципите. Целите се влез во НАТО и ЕУ. НАТО е веќе обезбедено и оваа драмолетка нема да ни наштети за оваа цел. Ни претстои отворање на преговори со ЕУ и прва точка е владеење на правото. Овој случај ќе биде преседан и на европското право и ќе влезе во фокусот на европарламентот, ќе се бара одговорност и од унгарската влада. Но, во исто време СДСМ ќе мора да одговора зошто кога Груевски го доби решението од Комисијата за заштита од дискриминација одмолче и не реагираше, а сега тоа решение ќе му биде алиби за да бара азил, рече Богојески.

Поврзани новости