691
„Ова е на некој начин четврта свадба со иста невеста, со исти сватови. Јас сум бил присутен на 4-те свадби“, истакна Петар Богојески за односот меѓу Македонија и соседна Бугарија.
Богојески во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека првата свадба, меѓу Жељу Желев и Киро Глигоров, траела најмногу, односно „10 години љубов“.
„Па Љупчовата љубов со премиерот Костов траеше неколку години, две години траеше љубовта меѓу Заев и Борисов, а сега љубовта меѓу Петков и Ковачевски ќе трае 6 месеци. Медениот месец ќе заврши некаде јуни, најкасно во јули кога ќе се исцрпат сите разговори за т.е. неисториските теми“, вели Богојески.