Богојески за Историската комисија: Тргување со мртовци од страна на неразбрани трговци

by fokus

Тргување со мртовци од страна на неразбрани трговци, кои дознавме дека за ситни пари шитнаа 1500 години македонска историја.

Вака претседателот на Македонски концепт, Петар Богојески ги коментира најновите одлуки на Историската комисија која даде препораки за заеднички чествувања на Цар Самоил, Светите Кирил и Методиј и Светите Климент и Наум со Бугарија, и препораки за измени во учебниците по историја.

Средновековната историја е дел од колективната меморија на македонскиот народ, а нејзиното оттуѓување е без преседан. Ова денес е целосна легализација на лагите на живковизмот, создавани за време на најмрачната доба на болшевизмот на СССР, во поглед на македонската историја.
Земјава се враќа назад, во време на пропагандите од 19ти век, а не оди напред во ЕУ и 21ви век!

Како никој до сега, оваа власт не оддалечи од ЕУ и шансата некогаш да бидеме полноправна членка.
Таканаречените академици по историја, ниту факти ги интересирало за средновековните аристократски титули, ниту Тема Бугарија и Македонија, ниту автентичните извори особено од Охридските Архиепископи, гледале само и само гол политички пазар со кој ги задоволиле шефовите од Влада и МНР!, вели Богојески.

Тој додава дека се сведовме на состојба, како што вели, кога божидарковици и бујаровци ни пишуваат македонска историја!

Кој срам е тоа! Мој личен став, но и на Македонски Концепт е тој да европските стандарди треба да налагаат соработката со Бугари да не биде заснована за заедничко минато, ами обратно: на проекции за заедничка иднина!, смета Богојески.

Тој вели дека јавноста не забележала дека во заклучоците имало една скриена опсна тенденција за бугарско – албанска поделба на Македонија.

Имено, Комисијата налага измена на античката историја на Македонија, во која ќе се учи за дарданско – тракиска, а не на македонска историја на оваа територија на денешна Македонија.
Сакаат да докажат дека античка Македонија е Егејска, а Вардарска е дарданско – тракиска или албанско бугарска територија.
Тоа е скандал без преседан!, заклучува Богојески.

К.С.Б.

Поврзани новости