Богојески: Време е да бидеме свои на своето, политичарите да бидат слуги на народот!

by Fokus

Македонски концепт денеска го започна својот предизборен караван во пресрет на изборите на 15 јули.

Петар Богојески, првиот човек на оваа партија порача дека ова е борба на доброто и лошото.

„Време е да бидеме свои на своето. Ние се обраќаме на сите граѓани. Редно е да ја преземеме контролата во наши раце. Ова е борба помеѓу доброто и лошото. Сакаме нормален живот. Сакаме да се врати ведрината на лицата на нашите граѓани. Сакаме правда и сигурност. Сакаме децата да имаат подобра иднина од нас. Сакаме држава во која политичарите ќе бидат слуги на народот“, истакна Богојески.

Поврзани новости