495
Заменик-генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Богојески во вечерашното гостување на Канал 5 рече дека ВМРО-ДПМНЕ можела да го злупотреби процесот на преговарање со Грција, но напротив, била конструктивна.
-ВМРО-ДПМНЕ можеше да го злоупотреби процесот на преговарање и да предизвика поинакви процеси во држвата. Факт е дека ВМРО-ДПМНЕ во последните месеци е контруктивен политички чинител, кои стабилизира, се смириија тензиите во Собранието. Се постигна консензус за голем дел од прашањата. ВМРО-ДПМНЕ не го злоупотребува спорот со името за дневно-политички поени, рече Богојески.