730
Петар Богојески од „Македонски концепт“ во вечерашното гостување на Канал 5 најави дека ќе го замрзне своето членство во ВМРО-ДПМНЕ.
Планирам во текот на утрешниот ден да го посетам мојот матичен комитет Карпош и да поднесам барање за замрзнување на моето членство во ВМРО-ДПМНЕ. Не е споиво со она што е сега ВМРО-ДПМНЕ. Јас во 1995 потпишвав други уверувања, други убедувања од тоа што денеска се претвори оваа партија. Во ВМРО-ДПМНЕ има обнова на бандитизмот и груевизмот кој за мене се неприфатливо. Не сакам да бидам реставратор на ВМРО-ДПМНЕ како оние кои се сега во партијата, рече Богојески.
Тој најави дека „Македонски концепт“ на претстојните избори нема да коализицира ниту со ВМРО-ДПМНЕ, ниту со СДСМ.