Разрешениот заменик-генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Богојески во вечерашното гостување на телевизија 24 рече дека во партијата владее едноумие, а состојбата е слична како пред 27 април.
-Многумина замислуваат дека дискусиите во партијата се жесотки, не постои жестоко, туку постои едноумие. Голем дел од функционерите повикаа на разум, меѓутоа се случи најлошото сценарио за нашата партијата, а тоа е дека вината за бојкотот ќе ја носи ВМРО-ДПМНЕ. Целата вина за оваа состојба денес паѓа на ВМРО-ДПМНЕ, така се смета. Вчера бев на конференција во Бугарија и таму беше многу комотно да се биде Богојески, но беше многу некомотно да се биде вмровец. Веќе не станува збор само за попречување на евроинтеграциите на Македонија, туку сега сме попречувачи на стабилизацијата на регионот, така сега европските функционери гледаат на ВМРО-ДПМНЕ. Голем дел од раководството навлезе во правец од кој нема назад. Сега треба да се случи чудо за да добиеме нормални, проевропски ставови во партијата. Состојбата денеска во партијата е нешто слично како пред 27 април. Не е проблем името, туку каде е разумот?, рече Богојески.