Петар Богојески, активист од ВМРО-ДПМНЕ, коментирајќи го за Фокус случајот „Рекет“, вели дека вистината е дека корупцијата нема партиска боја, колку и да е непријатна за неговата партија – ВМРО ДПМНЕ или за конкурентниот СДСМ.
-Да, ВМРО ДПМНЕ не треба да заштитува луѓе кои се синоним за корупција, но надлежните органи треба да го решат проблемот соСЈО. Не смее да се отстрани СЈО, туку да се претвори во квалитетен „чистач“ од корупција!
Ако некое лице падне од велосипед, додека учи да вози, тој не престанува да вози велосипед. Ние треба да ја исчистиме нашата земја од корупција, не за доброто на Европската Унија, туку за нас и нашите животи, што живееме во нашата земја! Така за мене изгледа вистинска љубов кон татковината и вистински патриотизам!, вели Богојески.
Тој додава дека на народот му е сеедно дали крадат од лево или од десно.
-Обичните Македонци, како мене, ни е сеедно дали не крадат од лево или десно. Тие само сакаат просто да не ги крадат!
А криминалните богаташи, сакаат нешто друго и секогаш наоѓаат начин, да ги обединат своите интереси, како што се гледа во најновиот скандал.
Тешко е, но мора да најдеме начин да ги обединиме интересите на оние што не сакаат да бидат крадени и управувани од криминални структури. Ние сме повеќе, но тие се спојуваат полесно. Затоа, потребна ни е обединета Македонија, во која ќе имаат доверба луѓето, кои одбиваат да живеат под ропството на крадците! По делата ќе не познаете!, уверува Богојески.