Петар Богојески, активист од ВМРО-ДПМНЕ, за Фокус вели дека тој секогаш дава поддршка за полна слобода на медиумите, но додава дека пазарната регулација на медиумите во Македонија се уште не може да функционира.
-Само барам еден одговор?!?
Што може да стори човек, кога е жртва од оркестрирани и нарачани напади од т.н. “медиуми” или т.н. “новинари”?!? Особено од оние кои се навистина слободни да собираат сомнителен капитал и да бидат главен извор на лажни вести во земјава?!? Во повеќе наврати еден ист таков “медиум”, објавува одвратни лаги за мене, нарачани од палатата секако, во кои измислени ми се роднини, кумство, имот, финансирање, поткупи, уцени… дури и сексуалниот живот стана јавен интерес?!?
Како резултат на тоа се појавува неподнослив бран на говор на омраза и закани по личниот интегритет, но и на моето семејство и на пријателите!, вели Богојески.
Тој вели дека за овој проблем разговарал со претходниот и со сегашниот претседател на Здружение на Новинари, Насер Селмани и Младен Чадиковски кој предлагаат пазарна регулација.
-За ова во повеќе наврати разговарав со претседателите на Здружение на Новинари, господин Насер Селмани и господин Младен Чадиковски, а одговорот е секогаш пазарна регулација?!?
Супер идеја, но за нормален пазар и нормални услови, но не и за ова што денес се случува во земјава, особено поради фактот што Македонија е под специјална војна за ширење на лажни вести… нешто слично како Црна Гора пред влезот во НАТО! Веројатно имаме две опции.
Првата е да издржиме до нова година… па “заинтересираните” ќе ги напуштат овие “медиуми”, а тие без тој извор на средства, нема да бидат заинтересирани за нас!
Втората е итна промена на законската регулатива, секој “медиум” да мора да пријави сопственик и одговорен уредник, па доколку продолжи оваа пракса, да знаеме кој е одговорен со свој личен имот! Сепак е време за одлука и акција!, нагласува Богојески.