Политичкиот активист Петар Богојески денеска бил повикан во ОЈО за да даде исказ по кривична пријава која му ја поднела МВР.
-Беше на писмено напоменато дека во случај да не се појавам, ќе бидам притворен и спроведен пред обвинител.
Кривичната пријава се однесува на искажани политички ставови во јавноста, МВР констатирале “ксенофобија” (страв од странци) кај мене и поради истото одлучиле кривично да ме гонат и да се закануваат со притвор!
Проектот за забрана на етнички партии, забрана за злоупотреба на религии во политички и бизнис интереси на поединци и групи, граѓанска држава и нов политички систем, очигледно не им се допаднале на властите!, изјави Богојески.
Тој вели дека ОЈО го известила за дел од содржината на кривичната пријава, во која стоело: НЕДОЗВОЛЕНО коментирање за Зоран Заев и Оливер Спасовски.
-Само еден од тие недозволени коментари кои ми беа прочитани е:
„Премиере Заев ќе кажете нешто за ова, или ќе молчите како мома на чешма”!
За вакво прашање кон Заев Величенствениот, МВРО / СВРО покренува кривичен прогон против неистомисленици на власта!
Исто така на некого не му се допаднале “мои ставови” за воениот злосторник Ратко Младиќ и неговите следбеници, денес функционери на СДСМ, кои не се сеќавам да сум ги изнел до сега во јавност!
Но од сега, секако тоа ќе го правам позачестено!, порача Богојески.