0
Петар Богојески се огласи со коментар по инцидентот со професорката Мирјана Најчевска, кој се случи во Студиото на Канал 5, кога таа си замина од дебатата порачувајќи му дека е „глуп како точак“.
„Почитувани граѓани, дозволете да се извинам за поведението на госпоѓа Најчевска во текот на денешната дебата на Само Вистина на Канал 5 Телевизија. Се надевам дека е се во ред со неа, посакувам добро здравје и да најде спокој во иднина.“ – напиша Богојевски.
Најчевска го нарече Богојевски „глуп ко точак“ и ја напушти емисијата, а на излегување рече дека телевизијата другпат треба да избере „соодветен соговорник за неа“.