Петар Богојески од Македонски концепт во изјава за „Фокус“ вели дека добива закани од организирани вахабистички групи, откако најави дека во партиската програма за следните парламентарни избори, за кои тој очекува дека ќе бидат предвремени, ќе има предлог за закон со кој ќе се укине носењето на бурката, односно закон за заштита на државноста.
-После јавните повици за линч врз мене од разни активисти за терористички права како Мерсиха Смајловиќ и нејзиниот сопруг, притворан за тероризам во Палестина, на социјалните мрежи, но пред се во приватни пораки, пристигнати се стотици закани од поединци, но и од организирани вахабистички групи. Заканите се однесуваат лично кон мене, но и кон моето семејство. Од МВР нема информација што е преземено, особено по заканите од терористички групи во кои учествуваат и вработени во безбедносни служби во две земји на ЕУ и во Македонија. Едната е т.н париска ќелија, втората поопасна е т.н. австриска ќелија. Во земјава дејствуваат силни џихадистички групи, кои се евидентирани од МВР, но не е јасно што се презема. Особено вознемируваат јавните повици на верска војна од страна на такви активисти. Последно е случајот со протестите за Палестина на плоштад Македонија, вели Богојески.
Тој додава дека „саудизацијата на земјава доведе до тоа да е забрането да кажеш мислење за свои лични верски или политички убедувања“.
-Во тоа голема улога има тетористичко криминалната келија во СДСМ, која има поткрепа кај дел од патриското раководство! Каде оди Македонија? Во ЕУ или во Саудиска Арабија? Македонците живеат во страв од радикален верски фанатизам, слично на минатото ропство. Редно е да ја заборават онаа за кубурот и каурот! Редно е Републиката да ја преземе власта во свои раце, а овој верско – терористичко – криминален хибриден режим да биде подложен под одговорност на новиот Закон за заштита на државноста!, вели Богојески.
К.С.Б.