644
Првиот човек на Македонски концепт, Петар Богојески порача дека на овие парламентарни избори не е време за плачење, додавајќи дека ова е последната шанса за нормален живот.
„Престанете со жалби за притисоци. Зад параван никој не Ве гледа за кого гласате. Кој и да дојде кај Вас, кажете им ОК… за Вас сме… ама зад параван направете како што сакате Вие. Никој нема да знае. Со сила убавина не бидува. Ова не е време за плачење, ова е последна шанса за нормален живот“, истакна Богојески.