519
Еден од иницијаторите за реформи во ВМРО-ДПМНЕ, Петар Богојески, во вечерашното гостување на Телма рече дека осум високи функционери кои биле блиски до Никола Груевски се заштитени сведоци на СЈО.
-Еве ќе откријам нешто ексклузивно, според нашите сознанија од внатре од партијата, осум високи функционери од раководството на ВМРО-ДПМНЕ, блиски до лидерот на партијата се заштитени сведоци на СЈО, рече Богојески.
Тој изјави и дека членовите на ВМРО-ДПМНЕ трпеле многу повеќе полоши работи од политиката на партијата, отколку што трпеле членови на СДСМ.