Богојески: Одмаралиштето Шула Мина со 280 кревети го отстапуваме за лекување на болните од Ковид-19, без надоместок!

by fokus

Петар Богојески на социјалната мрежа фејсбук објави дека популарното одмаралиште Шула Мина, со капацитет од 280 кревети, се става на располагање на здравствените власти за да таму се лекуваат заразени од Ковид-19.

-Во ова кризно време невреме за мојот народ и мојата Македонија, по трет пат (сега веќе јавно) ги известувам Министерство за здравство, Венко Филипче и Зоран Заев дека го ставаме на располагање целокупниот капацитет (280 кревети) на Adventure Park & Restaurant Woodland (популарната Шула Мина) во Крушево, на здравствениот систем, без надоместок!

Објектот се наоѓа во боженствена природа, а започнал да постои за време на Првата светска војна како кислородна бања за болни од туберколоза! Бидејќи лично јас и моето семејство, поминуваме низ корона пеколот, точно знам што им е потребно на болните! Таму само да престојуваш два дена, пневмонијата ќе исчезне од кислородот од Беговата / Крушевската Корија!

Нема потреба да градите нови монтажни болници и да трошите милиони од овој напатен народ!!! Купете само нафта /нешто имаме ние/, донесете медицински персонал заедно со семејствата и нека се лекува нашиот народ! Бидејќи јас и членови на моето семејство, за кратко ќе имаме имунитет на корона, доброволно се пријавуваме да волонтираме и да помагаме на лекарите и на болните!, објави Петар Богојевски.

Поврзани новости