458
Стигнавме до поларизација и до нова криза на идентитетот. Сите кои ја поддржавме алтернативната кампања, сме под жесток притисок. Сега се делиме на Македонци и северномакедонци, изјави поранешниот заменик генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Богојески, од Софија.
Богојески учествува на конференцијата „Бугарската и европската перспектива: Референдумот во Македнија“, организирана од Европскиот совет за надворешна политика со поддршка на Фондацијата Конрад Аденауер.
Според него и двете страни направиле грешки во процесот, владејачката со тоа што влегла во розев свет мислејќи дека нема да наиде на проблем интеграцијата кон ЕУ и НАТО, а опозицијата со етнонационализмот и со сатанизацијата на Преспанскиот договор.