Богојески: Новите советници на Мицкоски се испукани куршуми од времето на Груевски

by fokus

Реформаторот од ВМРО-ДПМНЕ, Петар Богојески, го критикува новиот состав на стратешки соработници на лидерот на партијата, Христијан Мицкоски. Според Богојески, дел од експертите во новиот тим биле соработници и на преходниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

-Се чини како џојстикот на раководството на опозицијата да е во раце на власт, тоа се гледа од новиот тим советници на Мицкоски. Овој состав предизвика големо разочарување кај членството на ВМРО-ДПМНЕ, испукани куршуми, луѓе од времето кога Груевски најавуваше преродба, истите луѓе ги гледаме, луѓе кои немаат ништо идеолошки со ВМРО-ДПМНЕ или со десница, барем да беа десничари – рече Богојески во емисијата „Клик плус“ на ТВ21.

Според него оперскиот певец Игор Дурловски и доктор Сашко Кедев се оние од „испуканите куршуми“.

Поврзани новости