406
Петар Богојески од Иницијативата за реформи во ВМРО-ДПМНЕ за „Фокус“ вели дека нема простор Конгресот да не ја прифати оставката на лидерот Никола Груевски.
-Оставката на Груевски е завршена работа и нема простор за нејзино повлекување. Во овие моменти на организирање на екпрес Конгрес, кога сите зборуваат за личности и фаворити за лидер, за нас од Внатрешната иницијатива најзначајно е принципите од нашата Декларација за демократизација и модернизација на ВМРО ДПМНЕ да се преточат во конкретни одредби на новиот Статут на Партијата. Многу позначајно е каков Статут ќе имаме во иднина од тоа кој ќе биде нов лидер, вели Богојески.
Тој заклучува дека на ВМРО-ДПМНЕ не и треба лидер, туку, како што вели, нормален претседател.