Богојески: Нашите листи се граѓански, ние не сме партија за да коалицираме со други партии

by fokus

Лидерот на Македонски концепт, Петар Богојески во изјава за Фокус соопшти дека дп ДИК поднеле листи со кандидати за пратеници во пет изборни единици.

Тој ќе биде носител во Изборната единица 1, а другите носители ќе бидат промовирани во недела. Вели дека тие не можат да бидат во коалиција со ниедна партија, бидејќи тие не се партија, а листите им се целосно граѓански.

-Македонски концепт како граѓанска програма, состави граѓански листи за пратеници за предвремени Парламентарни избори 2020. Ние не сме и не можеме да бидеме во коалиција со ниту една политичка партија, од причина што ние не сме партија. Не беше едноставно, но успеавме да составиме граѓански листи, без кандидати од политички партии, за 5 изборни единици! На листите се чесни домаќини, еснаф луѓе, работници и земјоделци, инженери и доктори, универзитетски професори… сите заедно ЗА НОРМАЛНА ДРЖАВА!!! Ќе почекаме ДИК и официјално да ги потврди, за да можеме и да ги промовираме кандидатите на Македонски концепт. Сите кандидати доаѓаат од Македонски концепт, а политичката партија СДУ безусловно не подржа, нас како кандидати, но и нашите програмски определби. Доколку не беше обезбедена таква безусловна поткрепа, немаше да излеземе на избори со партии кои бараат да го прифатиме нивниот идентитет или да имаме заеднички листи. За нас најважно беше да бидат 100% независни граѓански листи, вели Богојески.

Поврзани новости