Насилното наметнување на албански учебници во македонското образование е практична реализацијата на план за
културолошка анексија на делови од Македонија, реагира Петар Богојески, лидер на сека веќе регистрираната политичка партија Македонски концепт.
Тоа е ист процес од оној кој Путин го наметнуваше врз Украина низ децениите наназад и чекор пред она што го планира Бугарија во Македонија.
После овој преседан, Србија ќе внесе српски учебници, а Бугарија нивни бугарски учебници во македонско образование. Со тоа, Владата на зајковизмот ја враќа Македонија во 19ти век, наместо да ја носи во ЕУ!
Македонија е земја со повисоки демократски стандарди од Албанија и веќе обезбедува подобра заштита на културата на Албанците, а тука можеме да направиме подобар Буквар на албански јазик од македонска продукција, од насилно наметнатиот албански учебник, смета Богојески.
Тој најавува дека Македонски концепт ќе покрене Уставна иницијатива за констатирано нарушување на суверенитетот на Македонија, преку наметнување на учебници од друга држава и кривични пријави против премиерот и министерот за образование.
Македонски концепт ги повикува сите граѓани да се потпишат на Уставна иницијатива за констатирано нарушување на суверенитетот на Македонија, преку наметнување на учебници од друга држава.
Исто така, истите потписи се потребни за поднесување на кривична пријава против премиер и министер за образование, за нарушување на суверенитетот и уставен поредок на Македонија, вели Богојески.
К.С.Б.