Богојески: Кои партиски комисии ќе заземат став за Договорот со Бугарија, кога Груевски сите ги распушти?

by fokus

Петар Богојески, еден од иницијаторите за реформи во ВМРО-ДПМНЕ, за „Фокус“ вели дека последната изјава на партискиот лидер Никола Груевски дека став за Договорот со Бугарија ќе изградат откако партиските тела и комисии ќе го анализираат, е обид за непријатните прашања тој да се скрие зад партијата за да избегне одговорност.

-„Пред фактите и Боговите молчат”… ниту Груевски не може да го сокрие фактот дека внатрепартиската иницијатива за реформи во ВМРО ДПМНЕ е реалност, а решенијата кои ги нудиме се добра алтернатива на едноумитето во истата. Инаку, јас мислам дека таа изјава е во веќе виден стил, кога има можност да се поентира на личен рејтинг, се реагира во истиот момент, но кога прашањата се непријатни, тогаш се криеме зад телата на Партијата. Сега, нејасно е кои комисии ќе заземат став, кога истиот тој, сите ги распушти два дена откако го промовиравме Републичкиот штаб за реформи во ВМРО ДПМНЕ, од страв од огромната подршка за нашиот концепт во тие комисии. Сега се уште трае постапката за нивно реконституирање. Значи на крај, повторно лично тој ќе искаже став, но одговорноста ќе сака да ја сподели со нас останатите, поради недостаток на храброст да се преземе одговорноста на себе, како што му доликува на секој храбар лидер, вели Богојески.

Инаку, Никола Поповски од ВМРО-ДПМНЕ денеска во име на партијата рече дека бугарските интереси во Договорот се максимално испочитувани, додека се има впечаток дека македонските се заборавени.

К.С.

Поврзани новости