760
Првиот човек на „Македонски концепт“, Петар Богојески, во гостувањето во Студио 10 на ТВ 24 упати силни критики кон министерот за одбрана на Бугарија, Красимир Каракачанов.
Тој пред извесно време, на социјалните мрежи објави список на лица кои имаат и бугарско државјанство, а меѓу нив имаше и македонски граѓани.
„Каракачанов си лечи фрустрации на фејсбук, па сега ќе скокаме и рипаме по земјава. Тој си го доби одговорот од мене. Нека продолжи да работи против Балканот, ќе си добие точни одговори“, истакна Богојески.